Московската градска управа одлучи да ја забрани улична продажба на ќебапи, со образложение дека организаторот на оваа ориентална брза храна одбива да инвестира во хигиената, јави популарната независна радио станица „Ехото“ на Москва.
За таа одлука извести началникот на градскиот Оддел за трговија и услуги, Алексеј Немерјук.
– Веќе нема формат на продажба како што е ќебапот во шемата на распределба на уличната продажба во Москва. Моментно работат одделни штандови на кои не им е истечен закупот. Ние ќе ги повлечеме ќебапите од улица и повеќе нема да ги има, категоричен е Немерјук.
Притоа истакна дека повеќекратните посети на санитарните инспектори потврдиле дека сопствениците на штандовите „немаат никаква желба да поднесат и најмал трошок за согласност со важечките санитарни прописи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст