| четврток, 6 декември 2018 |

Општите економски политики даваат позитивни резултати во приватниот сектор, но кризата може сѐ да уништи

stavreski-1

Добриот економски амбиент кој Владата го креираше долги години придонесе Македонија добро да ја помине кризата во 2015 година и покрај нејзината жестокост, изјави за ТВ Нова министерот за финансии Зоран Ставрески.

– Работите беа добро поставени, и токму затоа и покрај жестокоста на политичката криза 2015-та добро ја поминавме, како и влезот во 2016-та. Но, треба да ги раздвоиме фактите и очекувањата. Фактите се дека политичката криза почна во 2015 година, меѓутоа можеби и претходно и во претходните години имаше латентна криза. Македонската економија добро ја издржа со растот што го остваривме од 3,7%, највисокиот во регионот. Се покажа дека фундаментите на македонската економија се добро поставени, главните економски политики се во корист на приватниот сектор. Тоа се одржувањето на добар бизнис амбиент, меѓу најдобрите во светот, ниските даноци, високите износи на капитални инвестиции, поддршката преку кредитни средства, координираноста меѓу монетарната и фискалната политика и мерки како што се проектот Македонија вработува и слични што им помогнаа на домашните фирми или пак привлекувањето на странските инвестиции, како посебна политика која донесе голем број на странски инвеститори, изјави Ставрески.

Тој појасни дека, во првите два месеци во 2016-та индустриското производство оствари просечен раст од над 11%, во февруари тој бил 15проценти, највисок во последните години.

-Извозот расте со стапка 7% и други добри параметри во делот на трговијата, во делот на градежништвото и слично. Невработеноста да не ја заборавиме, како резултат на сите овие мерки е намалена од 38% на 24,6%. Сето тоа зборува дека општите економски политики се добро поставени и приватниот сектор на база на тие економски политики остваруваше добри економски резултати, но исто така тоа се факти, меѓутоа ако зборуваме за тоа што може да се случи од сега натака, несомнено дека не постои економија која може да издржи долгогодишна политичка криза, посебно жестока политичка криза и дека политичката криза врши силен притисок врз економијата, вели Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top