| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците ја бранат Македонија од насилниците: ГДОМ добива огромна поддршка низ целата земја (ГАЛЕРИЈА)

Граѓанското движење за одбрана на Македонија денеска одржува народен собир во Тетово, каде што неколку илјади граѓани мирно со протестен марш застанаа зад слоганот „Македонија е се што имаме“.

И кичевци во огромен број излегоа и мирно порачаа дека за Македонија се работи и побараа избори на 5 јуни. Нивниот став е дека кризата предолго трае и единствен начин да се стави крај на истата е да се одржат изборите закажани за 5 јуни оваа година.

Битолчани, пак, им порачаа на оние кои работат за лошото на Македонија дека нема да отстапат од браникот на татковината – никогаш н ја пставиле на цедило, нема ни сега.

Голем број радовишани вечерва се приклучија кон Граѓанското движење за одбрана на Македонија и побараа одржување на изборите на 5 јуни со цел излез од кризата. Тие велат дека нема да дозволат Зоран Заев да ја распарчи Македонија и да ја реализира федерализација и остануваат при ставот дека само со одржување на избори Македонија ќе излезе од кризата и ќе продолжи напред.

radovis-gdom1

Во пресрет на 113-годишнината од подвигот на Гемиџиите и Солунските атентати, велешани порачуваат дека сценариото на Зоран Заев за виткање на кичмата со цел промена на името нема да помине кај народот. Поддржувачите на ГДОМ од Велес побараа одржување на изборите на 5 јуни со цел ставање крај на кризата во која се наоѓа земјата.

gdom-veles

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top