
Вработените и членовите на Синдикалната организација при Музејот на Македонија се оградуваат и не ги поддржуваат, како што велат, паралелните Синдикати на културата како и нивните активности и дејствија.
-Преговорите за колективниот договор се веќе започнати од највисоките претставници на СОНК и Министерството за култура. Исто така би сакале да ве известиме дека СОНК е легитимен претставник на вработените во НУ Музеј на Македонија-Скопје со мнозинство на членови со вкупна бројка од 57 члена. Фер и коректни односи со раководството на Музејот и Министерството за култура. Во изминатиот период се направија напори и голем исчекор за заштита на вработените и подобрување на условите за работа и чување на материјалите. Би сакале да ја истакнеме поддршката од раководството на Музејот и Министерството, се наведува во соопштението од вработените во Музеј на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


