НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, со зачуденост го проследи мотото на денешниот најавен протест на Синдикатот на културата во Република Македонија – “Културата не ви ја трпи тортурата”, се вели во соопштението.
-Нашата установа отсекогаш ги застапува и се залагала во своето делување за начелата на политичка неутралност и сервисна ориентираност. Нашата досегашна пракса во повеќе наврати покажала дека установата активно соработува со профилирани уметници од различен политички светоглед и уверување, не доведувајќи ги притоа во прашање професионалноста и кредибилитетот во своето работење. Со жалење мора да констатираме дека ваквите наслови се тенденциозни и им штетат на угледот и посветеноста, како и заложбите за културна афилијација која не познава дискредитација по политичка, верска или било каков друг основ на културните установи во државава.
Воедно НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ја изразува својата поддршка на сите легитимни синдикални организации во културата за остварување на своите работни права и интереси кои во ниту еден момент нема да ги доведат во прашање интегритетот и професионалноста на културните работници и установите во Република Македонија, стои во соопштението на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст