| четврток, 6 декември 2018 |

Се жалат на тортура, а ги полнат џебовите со двојно зголемени плати (ФОТО)

Само во Македонија и зад плаштот на СДСМ може да се случи протест за повисоки плати и обвинувања против Владата за тортура во услови кога таа им ги покачила платите за 100 и повеќе отсто.

irena-risic-640x427

Синдикатот за култура на Република Македонија за кого легитимниот СОНК изјави дека е нелегитимен синдикат и за кој е многу веројатно дека стои СДСМ како партија, излезе со неколку барања, меѓу кои е барањето за повисоки плати. Истражувањата кои ги направивме покажуваат дека најгласните од актерите и кои се први меѓу протестите кои ги организира СДСМ земаат енормни суми на покачени плати.

Па така месечно актерката Ирена Ристиќ во 2006-та земала 19.872 денари, сега зема 38.317 денари месечна плата што претставува зголемување за 92.77%.

irena-nova

Дополнително се хонорарите за дополнителни изведби, па така Ристиќ за отворањето на велешкиот нов театар за само три одиграни престави дополнително земала 175 илјади денари. За само 5 престави во охридскиот театар земала од државата 145 илјади денари.

Ирена Ристиќ од државата која ја обвинува за тортура и режим земала и хонорар од 203 илјади денари за претставата Aферата Ел Сињор во МНТ.

jovica-irena-640x360

Ништо полош во однос на платата е и актерот Јовица Михајловски, брат на сопственикот на порталот „Сакам да кажам“, Горан Михајловски. Јовица Михајловски во 2006-та имал плата од 18 илјади денари, а денес таа плата му е покачена за 107.34%.

Актерката Софија Куновска која денес е пратеник на СДСМ, пред да стане пратеник платата и е зголемена за разлика од 2006-та за 120.46%, односно во 2006-та земала 15.120 денари, а пред да стане пратеник платата и изнесувала 33.333 денари.

Sofija-Kunovska-SDSM
Состојбата кај синдикалецот Виктор Илиевски кој иронично бара покачување на платата е следната: Неговата плата, без хонорари, денес за разлика од 2006-та е покачена за цели дополнителни 10.553 денари месечно.

viktor-ilievski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top