-Нови случаи на болеста „чвореста кожа“ кај говедата нема иако постојат сомнежи за нивна појава во подрачја околу Демир Капија, но тие не може да се потврдат додека не бидат готови лабораториските резултати- изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Одговорајќи на новинарски прашања во Стопанската комора, Поповски повтори дека болеста не се пренесува на луѓето поради што нема потреба од стравувања. Според него, забраната за млеко и месо од потенцијално заразените региони е воведена за спречување на натамошно ширење на „чворестата кожа“.
Штетите предизвикани од болеста, потенцира директорот на АХВ, ќе се надоместуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст