| четврток, 6 декември 2018 |

Тоти останува во Рома уште една година

toti i spaleti

Легендата на Рома и италијанскиот фудбал, Франческо Тоти ќе го продолжи договорот со калчолигашот од Рим за уште една сезона, пренесува „Калчомеркато“. И покрај лошиот однос со Спалети, раководството на клубот не сака да го загуби „Принцот од Рим“, кој на натпреварот со Торино ја покажа својата фудбалска големина, постигнувајќи два погодоци, за триумф на Рома.

После доаѓањето на Лучијано Спалети на кормилото на „волчицата“, неговиот однос со Тоти стана неподнослив, и искусниот фудбалер беше преселен на клупата за резервни играчи, без некоја посебна причина.

Со оглед на тоа што Тоти во септември ќе наполни 40 години, тој сигурно ќе ја одигра својата последна сезона во дресот на Рома, клуб во кој е член од 1992 година. Тој досега за римјаните настапи на вкупно 755 натпревари, и постигна 303 погодоци во сите конкуренции, освојувајќи и многу индивидуални признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top