| четврток, 6 декември 2018 |

Црна листа на објекти кои ги оштетија хулиганите на СДСМ и СОРОС (ФОТО)

Скршени стакла, влезни врати, оштетен ентериер на Народна канцеларија на претседателот и Министерство за правда. Обоени и оштетени фасади на министерства, мета на бои и Агенцијата за електронски комуникации. Написи со омраза, фрлени јајца и боја сведочат на вандалството врз Порта Македонија за што голем револт јавно изразија и врвните македонски спортисти и јавни личности.

Над десет објекти и обележја сопственост на граѓаните на Република Македонија се оштетени и вандализирани од хулиганите на СДСМ и СОРОС.

Ова е списокот на оштетени објекти за време на протестите:

– На 13.04.2016 година оштетени се изложните стакла и влезните врати на Народна канцеларија на претседателот и Министерство за правда, при што е оштетен и дел од ентериерот;

133127027

– На 16.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на порта Македонија со фрлање на балони со боја, јајца и други предмети;

porta huligani 12

– На 17.04.2016 година извршено е повторно оштетување на фасадата на порта Македонија со фрлање на балони со боја, јајца и други предмети;

Porta-so-boja

– На 18.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Министерство за култура со фрлање на балони со боја и други предмети;

sajt10

– На 20.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на бараките на град Скопје со фрлање на балони со боја;

grad-skopje-vandalizam

– На 20.04.2016 година извршено е оштетување на скулптура Прометеј во „Жена„ парк со фрлање на балони со боја;

13000256_1767003403518681_7832731050236336996_n-1

– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Агенција за електронски комуникации со фрлање на балони со боја;

sarena-revolucija-8policaec

– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Основен суд Куманово со фрлање на балони со боја;

– На 22.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Основен суд Охрид и општина Охрид со фрлање на јајца;

– На 22.04.2016 година и на 25.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на општина Битола со фрлање на балони со боја;

– На 23.04.2016 година извршено е оштетување со фрлање на балони со боја на скулптурите Лавови на мост „Гоце Делчев“;

protesti_goce_delcev_1

– На 25.04.2016 година извршено е оштетување на фасадата на Министерство за надворешни работи со фрлање на балони со боја.

Cg6CeX7WMAABIHM1

Досега до СВР Скопје од надлежните институции доставени се пријави за кривични дела „Оштетување на туѓи предмети“ само за оштетувањата на Народната канцеларија на претседателот, Министерство за правда, порта Македонија и Министерство за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top