| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат, шетмина повредени: Невидена експлозија во градски автобус во Ереван

571e6cf1c46188ed628b45b6

Едно лице загинало, а шест се ранети во експлозија во центарот ерменската престолнина Ереван, изјавија спасувачките служби.

BUS-1-Yerkir.am_

Како што изјавил за агенцијата РИА заменикот директор на спасувачката служба на Ерменија, генерал-мајорот Николај Григорјан, очевидци потврдуваат дека се работи за градски автобус. Експлозијата била толку силна што се слушнала и во соседната населба Арабкир.

Полицијата работи на утврдување на околностите на експлозијата, изјавил шефот на одделот за односи со јавноста на ерменската полиција Ашот Агаронијан, без да ја претпоставува причината за експлозијата.

afp-64c363f135e51991503aa3e3fa84456a344672fd

Министерството за вонредни состојби прецизира дека автобусот бил на дизел погон, и оти истекување на гас не можело да биде причина за експлозијата.

На местото на експлозијата излегле началникот на полицијата на Ерменија, Владимир Гаспарјан, и министерот за вонредни состојби, Армен Ерицјан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top