Тридневна или војничка диета подразбира многу строг режим на исхрана и многу е важно да се придржувате според напишаното – од терминот на оброците до намирниците, ако сакате да ги постигнете саканите резултати.
Функционира на принцип хемиско разградување и не може да ги менувате намирниците. Од зачини дозволени се сол, бибер и ништо друго.
Секој ден се јаде во исто време, нема врска што не сте гладни во тоа време. По диетата четири дена бидете на нормална исхрана, а ако сакате, може да ја повторите. Со диетата се препорачува и вежбање.
Прв ден
Појадок: пола грејфрут, парче тост и два лажички путер од кикирики, кафе или чај.
Ручек: пола шолја туна, парче тост, кафе или чај.
Вечера: 80 грама немасно месо или пилешко, шолја грашок, пола банана, мала јаболка и шолја сладолед од ванила.
Втор ден
Појадок: јајце, пола банана, парче тост
Ручек: шолја свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери.
Вечер: две виршли, шолја брокуло, пола шолја рендан морков, пола банана и пола шолја сладолед од ванила.
Трет ден
Појадок: кафе или чај, пет солени крекери, 26 грама сирење и една помала јаболка.
Ручек: тврдо варено јајце и едно парче тост.
Вечера: шолја туна, пола банана и една шолја сладолед од ванила.
Може да пиете вода колку сакате, а ако строго се придржувате до диетата, може да изгубите и до четири килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.