| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл ги негира озборувањата: Никогаш не сум се скарал со Роналдо

Герет Бејл ги демантираше озборувањата за несогласувањата што, наводно, ги имал со Кристијано Роналдо, тврдејќи дека односот со Португалецот му е сосема нормален. Наспроти пишувањата на медиумите дека португалскиот ас и Велшанецот не функционираат како што треба еден крај друг, Бејл тврди дека ниту еднаш се нема скарано со најдобриот стрелец на „кралскиот клуб“.

– Во медиумите можете да прочитате сè и сешто, но вистината е дека јас ниту еднаш се немам скарано со Роналдо. Напротив, тој многу ми помогна при адаптацијата по трансферот од Тотенхем, бидејќи беше еден од ретките играчи на Реал што говореше англиски јазик. Кристијано е одличен фудбалер, секогаш игра со голема страст, а луѓето само поради некои одредени реакции на теренот имаа погрешен впечаток за него – изјави Бејл.

Следен предизвик за „кралскиот клуб“ е полуфиналето во Лигата на шампионите, каде „кралевите“ против себе ќе го имаат составот на Манчестер сити.

„Сити е тим со одлични играчи како Агуеро, Давид Силва и Де Бруин. Знаеме дека се добри, да не беа сигурно немаше да стигнат до полуфиналето во ЛШ. Многу се опасни во нападот, но се надевам дека ние ќе им создадеме повеќе проблеми отколку тие нам“ – истакна Герет Бејл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top