Американскиот актер Роберт Патинсон, наводно ја прекинал свршувачката со британската пејачка ФКА Твигс. Двојката требаше да се венча ова лето, но наводно актерот ја откажал венчавката, открил доброуптаен извор за магазинот „Ин Тач“.
– Цело време се караат, а Роб се чувствува заробен, па така плановите за венчавката биле преголем товар за него , открил изворот.
Наводно ФКС Твигс „своето вистинско лице го покажала за време на планирањето на венчавката“, а тоа не му се допаднало на Патинсон.
– Таа не е девојка за него. Многу е љубоморна, а тој е изморен од тоа што постојано мора да се оправдува и да се објаснува за секоја негова постапка. Тој се уште е многу млад и сфатил дека се уште не е подготвен да се смири – раскажал извор за американските медиуми.
Двојката ја започна врската во август 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст