| четврток, 6 декември 2018 |

Петок и понеделник неработни, следува четиридневен продолжен викенд

Денот на трудот 1 мај 2016 година (недела), односно 2 мај 2016 година (понеделник)  е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат и дека вториот ден на Велигден според православниот календар 2 мај – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Претходно, Министерството соопшти дека 29 април, односно петокот пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, согласно Законот за празници на Република Македонија.

Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Република Македонија им го честита Денот на трудот, а на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Велигден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top