| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес од 7,2 по Рихтер ќе го уништи Истанбул

zemetresenie-ot-7-2-po-rihter-shte-unishtoji-istanbul-371541

300 000 згради ќе бидат срушени, а 100 000 лица може да загинат, моќно цунами може да го потопи Истанбул. Земјотрес со интензитет од најмалку 7,2 степени по Рихтер и барем 100 000 жртви го очекува Истанбул, прогнозираат турски експерти.

Оваа страшна перспектива во студиото на телевизија „CNN Turk“ ја споделија геологот проф.д-р Наџи Горјур и експертот за архитектура и урбанизам проф.д-р Ахмет Вефик Алп, кои експлицитно истакнаа дека ова е иднината на Истанбул, пишуваат локалните медиуми.

Двајцата се согласија дека треба да се очекува земјотрес од најмалку 7, 2 степени по Рихтер, дури можеби и со поголема јачина, при што 300 000 згради ќе бидат срушени, а 100 000 лица ќе загинат.

При претходниот земјотрес брановите на Мраморното Море надминуваа 10 метри височина, а можно и сега да има цунами, посочи проф. Горјур.

Пукнатините од централната провинција Мармара до островите во Мраморното Море  со должина од 110 километри и ако тоа се раздвижи и раскрши, интензитет на потресот може да достигне 7, 3 степени по Рихтер.

„Ова е многу сериозен и многу голем земјотрес, а ако и на југ од островите 60 километарската пукнатина се скрши, може де испровоцира потрес со јачина од најмногу  7 степени. Во таква ситуација е можно да се формира моќно цунами.

При последниот земјотрес слично се потопи областа Деирмендере, тогаш брановите надминуваат 10 метри височина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top