| четврток, 6 декември 2018 |

Првите резултати од изборите во Србија во 22 часот

izbori-stab-sns-aleksandar-vucic-foto-zorana-jevtic-1461518918-892981Заврши изборниот ден во Србија на која се избираа пратениците за Народното собрание.. Републичката Изборна комисија се очекува по 22 часот да излезе со неконечни резултати.

Конечните резултати, кога и ќе се знае која партија ќе го оформи владиниот кабинет, се очекуаат најкасно до 28 април во 20 часот.

Право на глас во Србија имаат 6.739.441 гласач. Според податоците во 19 часот, излчезноста на изборите изнесува 52,9 проценти.

Според анкетите кои ги пренесуваат светските агенции, победата ќе ја однесе Српската напредна партија на Александар Вучиќ, кој се оценува како проевропски. Ако на овие избори тој побара поддршка за да може да продолжи со реформите за влез во ЕУ, сега против себе може да ги има ултранационалистичките опозиционери, кои бараат поблиски врски со Русија.

Според Ројтерс СНС ќе добие 48 проценти од гласовите, скоро исто како пред две години и апсолутно мнозинство во парламентот, а повторно се претпоставува и коалиција со „вторите“ на анкетите, социјалистите на Ивица Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top