Во Хрватска наскоро треба да започне слободна продажба на медицински канабис, јави Танјуг.
Експертите сметаат дека канабисот може само да ги олесни симптомите на болеста, но не и да лекува, така што тој нема да биде вклучен во списокот на листата на фондот за здравствено осигурување, и пациентите ќе треба да го плаќаат сами.
Според неофицијални информации на хрватскиот весник „Дневник“, цената на канабисот за месечна терапија може да биде меѓу 200 и 270 евра.
Канабисот ќе се увезува од Канада и ќе се продава во вид на капсули, и тоа само со рецепт од лекар.
Во моментот во Хрватска медицински канабис можат да добијат само пациенти со мултиплекс склероза, карцином и СИДА.
Медицинскиот канабис беше легализиран во Хрватска, за да се заштитат пациентите од нелегалната продажба на канабис, кој често е со сомнителен квалитет, додава хрватскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.