| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу демонстранти и австриската полиција на границата со Италија

print

Австриската полиција употреби солзавец и палки врз демонстранти, кои протестираа денеска против затегањето на контрола на границата меѓу Австрија и Италија, јави ДПА.

Австрија распореди околу 300 полицајци на планинскиот премин Бренер меѓу двете земји, каде што околу 250 демонстранти, повеќето Италијанци, протестираа против плановите на Виена да изгради контролни пунктови и огради.Австрија го предупреди Рим, дека ќе започне построги гранични проверки, ако миграциската маршрута се премести кон Италија и италијанските власти не успеат да го запрат потокот кон Австрија.

При вакви демонстрации на Бренер во почетокот на април од солзавец настрадаа 15 демонстранти и 15 полицајци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top