| четврток, 6 декември 2018 |

Костовска: Имаме безбедни вакцини за деца и висок опфат на имунизација

Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ денеска во Зоолошката градина во Скопје се одбележа 11-тата Европската недела на имунизација, во организација на Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје и Институтот за јавно здравје.

bhsgshsgsfsf

Според Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, Република Македонија има успешен систем на имунизација и висок опфат.

– Минатата година откако ги воведовме поливалентните вакцини веќе 50.000 дози се дадени, а од незадолжителната стрептококна вакцина поделени се 1.200 дози во целата држава, истакна Костовска и додаде дека стравот од вакцинирање на своите деца кај родителите се ослободува.

Информира дека вакцините во Македонија се безбедни и дека се набавуваат од познати производители.

– Македонија употребува вакцини од најреномирани произведители од Белгија, Франција и Бугарија кои се признаени од Светската здравствена организација. Вакцините пред употреба се контолираат во Агенцијата за лекови па дури потоа се пуштаат во употреба, рече Костовска.

Упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деце и ги уверува дека вакцините не даваат тешки несакани реакции туку само мали и очекувани реакции.

Татјана Баевска Вучковиќ менаџер на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје информира дека Здравствениот дом редовно ја реализира имунизацијата на децата според календарот за имунизација.

– Во 2015 година просекот на реализација на имунизација е 94 проценти. Со тоа што само 36 тима се вклучени во реализацијата од 0 до 18 за имунизацијата и со воведувањето на поливалентните вакцини го подигнавме нивото и свеста на родителите да ги вакцинираат своите деца, истакна Баевска Вучковиќ.

Според неа имало мал пад на имунизација со МРП вакцината на првата доза бидејќи, како што рече, сеуште постои страв кај родителите и наместо на 13, ја даваат на 16 месечна возраст.

Од Министерството за здравство истакнуваат дека со поливалентните вакцини значително се намали бројот на боцкања, од 13 на 7 пати во периодот до 18 месечна возраст. Нагласуваат дека со само едно боцкање најмладите се штитат од многу болести, а со редовната вакцинација се постигнува колективен имунитет и стабилна епидемиолошка состојба.

На одбележувањето на Европската недела на имунизацијата учествуваат ученици од повеќе основни училишта од Скопје, деца од хорот „Златно славејче“ и претставничка од Детскиот Евросонг

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top