| четврток, 6 декември 2018 |

Платениците на СОРОС не престануваат со навредите кон македонскиот народ

Кога народот е против секогаш е виновен, па така е и овој пат. Платениците на СОРОС повторно удрија врз македонскиот народ. Последните оценки се дека народот е потчовечко суштество со неоформена физиономија.

soluncev

– Народот е корумпиран и затоа ја изгуби желбата за дознавање на вистината. Мојот народ ја изгуби вистинољубивоста и е на граница да се ничкоса на потчовечко суштество, вели професор Ристо Солунчев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На, прашањето, кој е виновен за поделеноста на општеството, Солунчев вели дека тоа е проблемот на сè уште неоформената физиономија на овој народ.

– Овде зборувам Македонци не само во етничка смисла, туку зборувам за цела една заедница што припаѓа на една држава што се нарекува Македонија. Таа физиономија мислам дека сè уште не е оформена и вториот момент е системот на политичките партии, оти ми се чини дека релативизацијата не води кон ништо, затоа што политичките партии се исти на нивото кога се политички партии. Раскажувањето приказна за македонскиот народ и за Македонците, одговорноста за таа приказна и за затворањето во едно гето на митологија, што се случува во последните години, апсолутно ја сноси власта. Имено, ми се чини дека таа недооформена историска физиономија на Македонците како историски народ, во последните години, во една квази-дискурзивност создадена во тие системи на нарација направија не само овој народ да го изгуби тој зачеток на историска физиономија, туку да се затвори во некакви синхрониски модалитети на мешање на историски собитија. Значи, нема развој, туку се постави моментот дека сте Македонци само ако се врзувате за едно историско собитие, вели Солунчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top