Во соседна Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори.
Избирачките места се отворени во 7 часот, и ќе бидат затворени вечерва во 20 часот. Право на глас во земјата имаат 6.739.441 гласач. Гласањето тече во демократска атмосфера согласно сите меѓународни стандарди.
За 250 места во Собранието се борат 3270 кандидати, претставени во 20 партиски листи. Експерти и аналитичари едногласно прогнозираат победа на коалицијата “Александар Вучиќ – Србија победува”.
Овие избори се 11-те по воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година, седми предвремени во земјата и трети за последните неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.