| четврток, 6 декември 2018 |

Варвари без корени: Хулиганите на СДСМ, СОРОС и БЕСА ги сквернавеа лавовите на „Гоце Делчев“ (ФОТО)

Хулиганите на СДСМ, платениците на СОРОС и исламските радикали на БЕСА и денеска не мируваа. Веќе единанесетти ден ја тероризираат Македонија. Денеска својот деструктивен порив го изразија во Скопје.

lavovite goce delcev (4)

Соросоидите и нивните „партиски неопределени“ сограѓани за вечерва ја најавија можеби и најужасната навреда на историјата на Македонија.

lavovite goce delcev (1)

Како да не им беше доволно што во претходните неколку дена ги сквернавеа спомениците во центарот на градот, походот што го најавија денеска има цел да ги уништи Музејот на ВМРО, зградата на Уставниот суд, Државниот архив на РМ и Археолошкиот музеј.

Овие институции го чуваат националното богатство  на државата и нивното сквернавење е сквернавење на се што е македонско.

lavovite goce delcev (2)

Шарената револуција, како што е наречен вандализмот со кој десетина дена СДСМ, СОРОС и БЕСА ја тероризираат Македонија, започна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство и имаше цел да заврши пред Уставниот суд. Сепак, полицијата го запре пред мостот „Гоце Делчев“ и не им дозволи на хулиганите да удрат по институциите кои го чуваат националното богатство на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top