
Заев со помош на Соросовите платеници, дополнително сега го имаат ангажирано и српскиот, белградскиот Канвас на Срѓа Поповиќ. Тие се тие луѓе коишто успеваат сега, со 1000-2000 луѓе излезени на улиците, да го блокираат градот Скопје, вели во разговор за ТВ Нова аналитичарот Александар Пандов.
Тој посочува и дека опозицијата ги пренесува своите фрустрации, очај и безидејност врз останатите граѓани.
-Ние гласно протестираме, гласно го артикулираме нашето незадоволство со таквото водење на нивната политика. Ние очекувавме дека Зоран Заев ќе се одважи, ќе ја сфати сериозноста на моментот и дека ќе отиде на политички преговори во Виена. Гледаме дека за несреќа, тоа не се случи. Нема друг пат, единствениот начин за излез од оваа политичка криза е избори на 5 јуни, изјави Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


