МВР постапува професионално но лугето кои се ангажирани и во однос на бегалската криза и во однос на обезбедувањето на тие протести се истоштени, а протестите против изборите од ден во ден добиваат насилни димензии, изјави при гостувањето во вестите на Канал5 дополнителниот заменик министер за вантрешни работи, Митко Чавков.
-Можам слободно да кажам со денови не спиеле. Трпат огромни последици бидејки на најбезобѕирен начин од хулигани се објект на напад. Имавме повредени полицајци но остануваме професионално да си ја извршуваме нашата задача, рече Чавков.
Чавков изрази надеж дека нашите пријатели од САД и ЕУ ќе направат дополнителни напори да се организира лидерска средба, бидејки само политички дијалог може да биде излез за оваа политичка криза, која се продлабочува се повеќе и повеќе тоа го гледате и на самите секојдневни случувања. Тоа го гледате преку вандалското однесување, преку хулиганското однесување, преку сквернавењето на спомениците на културата, преку оштетувањето на спомениците на културата, изјави дополнителниот Чавков.
– Нема да влеземе во нивното сценарио, нема да влеземе во крваво сценарио, ние и понатаму ќе трпиме и ќе одговараме соодветно на секое хулиганско однесување. Имаме неколку кривични пријави, има неколку случаи на определен притвор, неколку прекршочни пријави, но активностите продолжуваат понатаму, имаме безброј фотографии, имаме безброј документи преку кои дополнително вршиме идентификација на сите кои што се пројавиле со тој насилен пристап на уништување и оштетување на објекти од културата, рече Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст