Народна банка набавува банкноти од 1 000 денари. Вредноста на тендерот е околу 850.000 евра, постапката за јавна набавка е почната во октомври 2015 година, а огласот за доделување на договор за јавна набавка е објавен во саботата, откако дал согласност Советот за јавни набавки, објави „Вест“.
– Набавката е дел од редовните движења во готовинскиот циклус, предвидени согласно плановите за управување со залихите”, објасни Народна банка.
Со новите банкноти се заменуваат банкнотите кои се повлекуваат од оптек, оти се несоодветни, се одржува оптимална количина на залихи на банкнотите и се одржува оптимална апоенска структура на готовината во оптек.
Илјадарките кои во моментов се употребуваат се печатени во две изданија. “Првото издание е печатено во 1996 година, а ова издание е дополнително заштитено со вградување на современи заштитни елементи во 2003 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст