| четврток, 6 декември 2018 |

Што и подари Обама на кралицата за роденден?

Американскиот претседател Барак Обама денес во дворецот Виндзор се сретна со британската кралица Елизабета.

На кралскиот ручек во дворецот западно од Лондон покрај претседателот на САД и британската кралица присустува и првата дама на САД Мишел Обама и принцот Филип.

Ручекот е еден ден по 90-от роденден на кралицата.

Обама и неговата сопруга на кралицата Елизабета и подарија албум о фотографии на сите нејзини посети во САД и портрети ссо американски претседатели и првите дами.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top