Лавовите на прв поглед може да делуваат малку застрашувачко бидејќи сакаат секогаш да бидат во центар на вниманието и се неверојатно амбициозни.
Сигурно тоа е и причината зошто силно ве привлекуваат, но не знаете како да им пристапите. Доколку тоа е случајот и со вас, погледнете ги следниве неколку работи кои треба да ги знаете ако сакате да го привлечете и задржите вниманието на Лавот.
Што треба да правите?
1. Задолжително кажете му колку е паметен, згоден и прекрасен.
2. Уживајте во наградите кои ќе ви ги даде за овие комплименти. Лавовите сакаат да примаат комплименти, но исто така умеат и да ги возвратат.
3. Дозволете вашиот свет да се врти околу него. Тој ќе ужива во тоа и ќе ви го направи животот многу поубав.
4. Охрабрете ја неговата смисла за хумор. Доколку го направите ова, тој ќе се труди секој ден да ве забавува и развеселува.
5. Покажете му колку навистина ви значи. Бидете искрени и отворете му го вашето срце. Тој ќе знае како да ви пружи поддршка и заштита.
Што не треба да правите?
1. Немојте да го игнорирате, освен ако не сакате засекогаш да го оттргнете од себе.
2. Немојте да му кажувате што да прави и не се обидувајте да воспоставите контрола врз оваа личност која секогаш сака да доминира. Тој не сака да се предава и сака да си ги тера работите по свое.
3. Немојте да му го скратувате вашето внимание. Нему му е потребно многу внимание секој ден.
4. Не чепкајте го неговото его и неговата малку незгодна природа. Неговото его е многу ранливо, а кога еднаш ќе се повреди тешко може да заздрави.
5. Немојте да го исмејувате пред други луѓе. Тоа е најлошото нешто што можете да му го направите и на тој начин засекогаш ќе ја изгубите неговата доверба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.