Привршува изградбата на големата спортска сала на УКИМ, што ја гради Агенцијата за млади и спорт и се очекува до октомври објектот да почне да работи.
Овој објект е еден од капиталните објекти на АМС, кој истовремено е и од големо значење за УКИМ, бидејќи ќе се надмине деценискиот проблем на Универзитетот со просторните услови за одвивање на наставата по физичко, но истовремено ќе се овозможи непречено и во идеални услови, студентите и универзитетските тимови да ги одржуваат своите тренинзи и да бидат горди домаќини на гостински екипи од странство.
Салата ќе биде приспособена да се користи за кошарка, одбојка, мал фудбал, тенис, пинг понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот. Централниот спортски терен ќе биде со димензии 40х20 метри, а покрај главната намена треба да овозможи едновремено одвивање на паралелни спортски активности со разделување на теренот на два дела со подвижен параван. Спортската сала ќе има трибини со капацитет од 1100 гледачи и поттрибински простор кој ќе биде искористен за фитнес, теретана, простории за пинг-понг, простории за состаноци и предавања и канцеларски простории.
Со изградбата на оваа сала ќе се заокружи проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 35 спортски сали во државата, но АМС продолжува со изградба на нови спортски сали. Една од нив е и спортската сала во Домот за деца без родители “11 Октомври” во Капиштец, која започна со градба во септември минатата година.
Станува збор за реализација на еден долгоочекуван проект, со кој штитениците од Домот “11 Октомври”, конечно ќе добијат вистински услови за спортување, рекреација и тренинзи, а со тоа и можност да практикуваат поздрав живот и да се насочат кон вистинските вредности. Спортската сала ќе има најмодерна спортска опрема и ќе биде оспособена да се користи за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, гимнастика, пинг-понг и за многу други спортови, а што е најважно – во целост ќе ги задоволи потребите на дечињата.
Во изминатите неколку години, преку Агенцијата за млади и спорт се изградени вкупно 222 објекти низ целата држава, за што од буџетот се издвоени преку 40 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст