Полицијата го утврдила идентитетот на мажот кој утринава беше прегазен кај поранешна Алумина. Станува збор за 65-годишниот Павле Г.
Како што информираа од МВР, Павле утринава околу 9:30 часот бил прегазен на пешачки премин на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај поранешна Алумина.
Во него удрил автомобил „КИА“ со скопски регистерски ознаки управуван од 34-годишниот С.И. По несреќата екипа на итна медицинска помош веднаш пристигнала на местото, но обидите за реанимација биле неуспешни.
Телото на починатиот маж е предадено на обдукција, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст