| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците: Смартфоните предизвикуваат страбизам кај децата

smartfon-dete

Долгата употреба на смартфон може да биде причина за страбизам. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на научниците од универзитетската болница Чоннам во Јужна Кореја.

Особено голем е ризикот за деца на возраст помеѓу 7 и 16 години.

image_gallery

Научниците истакнуваат дека во последно време болницата примила голем број млади пациенти со знаци на страбизам. Како што се изјасниле во рамките на истражувањата, младите пациенти за игри и читање користеле смартфоните помеѓу 4 и 8 часа дневно.

Во 9 од 12 случаи симптомите исчезнале два месеци откако пациентите престанале со употребата на смартфоните. Според мислењето на лекарите, тоа овозможило да се воспостави врска помеѓу употребата на смартфони и страбизам.

Научниците препорачуваат родителите да ги следат нивните деца, да не им дозволуваат да ги користат смартфоните повеќе од половина час без прекин и да прават паузи, за да не им се презаморуваат нивните очи.

sl_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top