| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Попоски -­ Коѕијас во Солун

sredba

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски на маргините на министерскиот состанок во Солун, претпладнево има тет­ а­ тет средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

На средбата, која сè уште е во тек, двајцата министри ќе разговараат за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Грција и за засилување на соработката во соочувањето со заедничките предизвици како што е емигрантската криза.

На средбата, исто така, ќе се разговара и за претстојниот состанок за мерките за градење доверба, кој треба да се одржи на почетокот од наредната седмица во Скопје. По денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, Попоски ќе има билатерална средба и со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top