„Бараме мирно да се решат работите, бидејќи треба да се продолжиме да се живее, да ја сочуваме земјата, да се сочуваме меѓу себе за да можеме да се погледнеме в очи, дека единствено институционално можат да се решат работите и тоа би било најдобро решение“, вели во интервју за ТВ НОВА актерот Тони Михајловски.

„Насилството не води кон љубов, не води кон разбирање, раѓа ново насилство. Мирот може да дојде по мирен пат и тоа би било единствениот пат кој треба да го одбереме, затоа што сите сме Македонци, без разлика на нашите политички убедувања и сите имаме еден вечен интерес: да ја сочуваме земјата за оние коишто доаѓаат по нас“, додаде Михајловски.
Михајловски е убеден дека на 5 јуни ќе има дефинитивен крај на политичката криза во Македонија, ќе има избори, зашто само народот на Република Македонија може да одлучи кој ќе ја води и како ќе ја води државата. Сите претходно треба да му понудат, негово е да избере и не може да управува некој неизбран од никого, самопрогласен, со помош на некои странски емисари, регенти.

-Да се повампируваат институции коишто одамна се починати не би било во ред. Туку само демократски, по волја на народот. Верувам дека ќе има избори, но да бидам искрен, калкулациите на политиката и она што до сега го покажува ме убедија во една стара реченица на Горан Стефановски во „Диво месо“, ќе ми простат: „Политиката е карта. А карта е Марта. А Марта е „расипана жена““, да не го кажам зборот. Верувам дека и секое друго сценарио, не дај Боже, може да биде во оптек, бидејќи се изнагледавме секакви чуда до сега, вели актерот.

Постојаните услови и барања на лидерот на опозицијата со кои, условно речено, ја става во заложништво цела Македонија за Михајловски се балони од сапуница.

-Сите спинови што се направени им се удрија во глава, како бумеранг, сите балони кои ги надуваа, дека има криминал, дека има фалсификат всушност се распукаа како меур од сапуница и излегоа на површина нивните луѓе, односно сам себе си гази на опашката. Најверојатно има комплекс на лидер, но се надеваме дека ова ќе заврши и ќе биде сѐ како што треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


