Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во интервју за Канал 5, го осуди вандалскиот чин на протестантите кои деновиве дивеат низ Скопје, мотивирани од СДСМ и Зоран Заев.
-Деновиве сме сведоци на еден вандализам и дивеење по улиците на Градот Скопје, при што на еден највандалски начин оштетени се голем број на споменици, објекти и плоштади, оштетена е Порта Македонија, споменикот „Воин на коњ“, оштетен е Плоштадот Македонија, Канцеларијата на претседателот е уништена и искршена, оштетена е фасадата на Министерството за култура, на Министерството за правда, синоќа беше оштетена и фасадата на една од бараките во Градот Скопје. Тоа јасно зборува дека намерата на овие луѓе кои дивеат низ улиците на Градот Скопје не е за доброто на Р. Македонија и на Градот Скопје, нивната намера е да рушат и да уништуваат сето она што е создадено, рече Трајановски.
Спомениците што се направени во Градот Скопје и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, се направени за сите периоди од историјата на Македонија и нивното уништување пред се е атак врз Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)