| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовната сапуница на семејството Џогани- Слаџа и Џоле кријат дека ќерка им се развела

слага

Во семејството Џогани настаните се менуваат на дневна основа, како во месиканските сапуници, па колку и да сакаат нешто да сокријат, и добрите и лошите вести брзо се дознаваат. Најновите информации од кланот Џогани се: Слаџа Делибашиќ пред Нова година се смирила со бившиот свршеник, а ќерката Силвија се развела пред една година!

За крахот на бракот на постарата ќерка на Џогани сите молчат бидејќи им е срам што Силвија и Бранислав Мариновиќ се развеле толку брзо. Тие се венчаа во мај 2013, а тој во декември отишол во затвор. За тоа време Силвија со ќерката Тија се преселила кај мајка и Слаџа.

Но додека ќерка и се разведува, Слаџа се смирила со поранешниот свршеник Вања, кој ја избламирал кога се открило дека имал секс на чет, а подоцна и и се заканувал на Слаџа дека ќе ја убие. Денсерката после тоа се омажи за полицаецот Милан, но брзо се разведе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top