| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на Интерпол во Македонија

Интерол спроведе операција за борба со незаконската трговија на оружје во повеќе балкански земји, се наведува на интернет-страницата на оваа организација.

Вкупно пет илјади соработници на Интерпол учествувале во специјалната операција спроведена во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија при што се одземени 40 парчиња огнени оружја, шест килограми експлозив, 11 рачни гранати и 1,3 илјада паричиња муниција. Во оваа 48-часовна операција се уапсени 11 лица.

– Неодамнешните терористички напади во Европа и во светот за врме на кои повеќе се користеше огнено оружје отколку експлозиви покажа дека се неопходни поефикасни мерки за контрола – изјави Тим Морис, извршен директор во Интерпол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top