| четврток, 6 декември 2018 |

Аџибадем Систина го презема водството во приватното здравство и во Бугарија

DSC00631[1]

„Орка холдинг“преку Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и турскиот здравствен гигант „Аџибадем“ денеска потпиша договор за купување на најголемата приватна болница во Бугарија, јапонската „Токуда“. Со договорот партнерите потпишаа и договор за спојување со „Сити клиник“, вториот здравствен оператор во Бугарија, со три болници и три амбулантски центри, со што „Орка холдинг“ и „Аџибадем“ станаа водечки приватни оператори во Бугарија.

Преку трансакцијата „Токуда“, компаниите ги преземаа сите акции на „Токуда груп“, а трансакцијата „Сити Клиник“ е комбинација од преземање на речиси една третина од уделите на постојните акционери и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет. По трансакцијата, 76.5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и „Орка холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23.5 отсто на акционерите на „Сити клиник“.

Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра.

siti-klinik-2

„Сити клиник“, основана во 2010 година, е еден од водечките висококвалитетни даватели на интегрирани здравствени услуги во Бугарија, која делува во Софија, Варна и Бургас. Раководи со три болници и три амбулантски центри, меѓу кои единствената болница во Бугарија со акредитација од Меѓународната комисија за акредитација (JCI). По отворањето на новиот канцер центар, „Сити клиникдоминира на пазарот за кардиоваскуларна нега и нега за канцер во земјата. Софиската болница наСити клинике универзитетска клиника на две од водечките медицински училишта во земјата.

tokuda-630x472

Клиничката болницаТокуда“ се наоѓа во Софија, на површина од 27.600 квадратни метри и 52.000 квадратни метри изградена површина. Болницата нуди 550 легла, 37 клиники, три хируршки одделенија и 22 операциони сали. Од нејзиното отворање во 2006 година, Болницата брои 386.000 пациенти и извршува повеќе од 13.000 операции на годишно ниво.

„Токуда групе најголемиот приватен болнички оператор во Бугарија, вклучувајќи општа болница со 550 легла, амбулантски медицински центар, клинички истражувачки центар, аптека и дом за стари лица, сите лоцирани на една локација во Софија. Болницата е отворена во 2006 година како прва приватна болница во Бугарија во сопственост на странски инвеститор со 100% јапонски капитал. БолницатаТокудафункционира како мултидисциплинарен сервис со речиси сите медицински дисциплини. Таа има над 30 медицински оддели и 22 операциони сали.

 

– Со постојана заложба за квалитетно и модерно здравство ги подигнавме стандардите за здравствена грижа во Македонија. Следејќи ги светските достигнувања и трендови во обезбедување на најсовремена грижа за пациентите, ќе продолжиме да бидеме синоним за најдобра клиничка болница во Македонија, а од денес без сомнение, ќе се залагаме за постигнување на тие достигнувања и во Р. Бугарија, – изјави Јордан Камчев, генерален директор на „Орка холдинг“, на потпишувањето. Тој исто така најави дека се планира за две години да се отворат четири болници на Балканот.

Претседателот и главен извршен директор на „Аџибадем“ Мехмет Али Ајдинлар нагласи дека Аџибадем се фокусира на клучните брзорастечки економии во Централна и Источна Европа и на Балканот.

DSC00507[1]

– Аџибадем ја согледа потребата за квалификувани и високотехнолошки здравствени услуги во Бугарија и за таа цел ја реализира оваа важна трансакција. Со оглед на тоа што Аџибадем е светски бренд, и имајќи ги предвид добро дизајнираните клинички процеси, софистицираното управување и оперативните пристапи, преку овие 4 болници Бугарија ќе биде земја која ќе овозможува првокласни и светски здравствени услуги, со што ќе стане центар на внимание во регионот, вели тој.

Болницата „Токуда Софија“ е лидер во Бугарија од отворањето пред речиси 10 години. Сукцесијата на „Аџибадем“ ќе ѝ обезбеди на оваа болница можност да продолжи со водечката улога насочена кон обезбедување на највисоките меѓународни стандарди на грижата за пациентот, смета Артур Штерн, претставник на „Токушукаи медикал груп“.

DSC00534[1]

– Оваа трансакција е признание за огромните напори на лекарите, медицинските сестри, здравствените работници и останатиот персонал од „Сити клиник“ кои напорно работеа и ќе продолжат во најдобриот интерес на пациентите во Бугарија. Ние ќе продолжиме да овозможуваме највисоки стандарди на квалитет на здравствени услуги преку значајни синергии и поддршката од  групацијата Аџибадем, рече Илијан Григоров, главен извршен директор на „Сити клиник“.

sistina

Успехот на Аџибадем Ситина во здравствениот сектор се должи на мисијата да се создаде приватен здравствен систем по теркот на најразвиените земји во светот што би ја позиционирало нашата држава како дестинација со беспрекорни клинички услуги. Импозантниот број од 254.000 регистрирани пациенти за изминатите шест години, и континуираниот успех во лекувањето на пациентите во клиничката болница Аџибадем Систина, се најголема потврда дека компанијата ги достигнала водечките стандарди на работење во областа на здравството и здравствената грижа.

Како потврда за имплементација на највисоки стандарди во глобалното здравство, базирани на најстроги критериуми во извршувањето на здравствената нега, единствена во Македонија, кон крајот на месец април клиничката болница Аџибадем Систина се очекува да добие акредитација од страна на Меѓународната комисија за акредитација (JCI). Оваа акредитација ќе значи официјално позиционирање на „Аџибадем Систина“ на врвот во меѓународниот здравствен систем. Печатот за квалитет од комисијата ќе значи печат за  болница – примат во регионот и Европа, која воспоставува нови и најквалитетни насоки во здравствената пракса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top