| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението на борци од НОБ бара СДСМ да се извини пред споменикот на АСНОМ

Го изразувам своето незадволство за она што во последните денови се случува во Македонија, особено за уништувањето на нашите историски споменици, вели денес Милан Солаков, претставник на Здружението на борци од НОБ.

milan-solakov-640x361

-Секогаш кога сум поминувал тука, сум се поклонувал пред овој споменик. Секогаш со почит сум гледал на овие личности, сум имал чест да соработувам, да им бидам советник посебно на Веселинка Малинска, на генерал Апостолски со кој сум ја шетал цела Македонија. Сум слушал низ која голгота минувале овие луѓе да дојдат до Прохор Пчињски, вели Солаков во името на Здружението на борци од НОБ.

Солаков кој вели дека ги познавал учесниците во Првото заседание на АСНОМ сметаат дека тие личности денес не го заслужуваат тоа што го гледаме на спомениците.

asnom-spomenik-1-640x353
Посебно ме трогнуваше кога ќе ми кажеше под какви услови го правеле тоа. Во казаните во кои јаделе ги переле своите алишта за да ги уништат вошките. Зар заслужуваат ваков однос денеска, овие симболи на државноста? Ги повикувам СДСМ во чиешто име на таа партија е вграден идеалот на овие луѓе за слобода и социјална правда, да дојдат овде да се извинат, да им дадат почит и да се извинат за ова што го прават, порача Солаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top