Откако овие денови беше објавено дека на мета на терористите се плажите, британските медиуми објавија попис на туристички земји на кои според проценките на тамошното министерство за надворешни работи и тајни служби, се заканува опасност од терористички напади.
Земјите се поделени во четири групи – со низок, умерен, висок и многу висок ризик, пишува „Мирор“.
1.Шпанија – висок ризик
Повеќе од 12 милиони Британци ја посетуваат Шпанија секоја година. И покрај терористичките напади кои ги имаше во Шпанија во минатото, новиот терористички бран ја заобиколи оваа медитеранска земја. Не смее да се заборави дека недоамна во Мајорка беа уапсени соучесници на ИСИС.
2.Германија – висок ризик
Германија е последна земја во низата во која нивото на ризик е означено како високо. Секоја година ја посетуваат два милиони Британци. Но, во последно време е зголемена полицијата на познатите туристички локации и во јавниот превоз.
3. Белгија – висок ризик
По последните терористички напади ризикот останува висок. Во експолозиите кои го погодија главниот град на Брисел загинаа 32 лице, а беа повредени повеќе од 300.
4. Франција – висок ризик
Бидејќи и Франција неодамна претрпе терористички напади, нивото на ризикот останува високо. Во нападот во Париз загинаа 130 лица, а 368 беа повредени.
6. Италија – високо ниво на ризик
Популарните туристички дестинации во Италија се означени како релативно опасни. Но, туристите се предупредуваат на мала можност од „домашен тероризам“ за кој се одговорни разни екстремисти и сепаратистички групи.
6. Данска – умерен ризик
Минатата година во пукање во близина на Копенхаген беа убиени две лица, а уште петмина полицајци во нападите беа поврзани со тероризмот. Туристите се повикуваат на внимание.
7. Грција – умерен ризик
Во Грција постои умерена опасност од терористички напади, па туристите се предупредуват да бидат внимателни во големите туристички места.
8. Хрватска – умерена опасност
Хрватска е означена како умерено опасна земја. Тоа значи дека не и се заканува директна опасност од терористички напади.
9. Португалија – ниска опасност
Повеќе од два милиони Британци секоја година ја посетуваат оваа земја која е означена како земја со низок ризик. Туристите, покрај тероризмо, се предупредуваат за ситни крадци.
10. Египет – многу високо ниво
Британските безбедносни служби проценуваат дека Египет е прилично несигурна земја и тоа посебно во популарната туристичка дестинација Шарм ел-Шеик. Странците и во минатото беа мета на терористичките напади, а постои и опасност од киднапирање.
11. Тунис – многу високо ниво на опасност
Во оваа земја моментно е на сила општата опасност поради самоубиствениот напад на полициски автобус минатата година. Терористи нападнаа и хотел и убија 38 лица.
12. Турција – високо ниво на опасност
Терористите досега покажаа дека нивна мета се владините згради и интитуции, а не туриститте. На туристите им се препорачува да ги избегнуваат големите групи луѓе, демонстрации и други големи собирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст