Децата во Данска не посетуваат настава во училиштата речиси цел месец поради неуспешните преговори меѓу синдикатите на учителите и локалните власти за условите за работа. Од 1 април во училиште не одат околу 875.000 деца на возраст од 6 до 16 години.
Неуспешните преговори ќе ги погодат и 69.000 учители кои за овој прекин на работата нема да добијат плата. Во времето додека да примаат плата, тие ќе можат да позајмат пари по поволни услови од фондот на Синдикатот на дански учители.
Преговорите запнаа околу работното време на учителите. Локалните власти сакаат директорите на училиштата да одлучуваат колку време учителите ќе поминат во училница, колку часови ќе имаат за подготовка, колку за оценување и други обврски…
Данската влада го брани својот предлог за продолжување на училишниот ден со кој се предвидува учителите да работат повеќе, но без да им се плати дополнително.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.