Двојно убиство и самоубиство вчеравечер се случи во скопското село Волково. Според првичните и неофицијални информации, четириесет и четиригодишниот Дончо Ѓ. од истото село, со пушка ги убил Снежана Н. (57) и нејзината мајка Елена В. (76), негови сосетки, по што самиот си пресудил.
Снежана вчера во 19.25 часот се јавила во полиција да пријави дека нејзиниот сосед ѝ се заканува дека ќе ја ликвидира. Додека разговарала со полицијата се слушнало кршење, викање и плачење, по што врската била прекината.
Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, по што било утврдено дека Дончо со пушка ја усмртил Снежана пукајќи ѝ во глава, а убиена била ѝ нејзината мајка Елена, која имала повреди во пределот на торзото.
По извршеното двојно убиство Дончо, кој неофицијално работел во МВР во магацин, се самозастрелал во дворот на куќата, пишува „Курир“.
Како што вчера пишуваа дел од медиумите, Дончо бил во љубовна врска со ќерката на Снежана. Неофицијално, ќерката и внука на убиените жени веќе два месеца работи на брод.
Официјалните податоци од СВР Скопје засега велат дека во скопското село се пронајдени три безживотни тела, сите со рани од огнено оружје. Повеќе детали најавуваат за денес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст