Поминаа речиси 20 дена од убиството на српската пејачка, а полицијата никако да дојде до убиецот. Таа сепак се сомнева дека е вмешана и жена, но засега не го оркрива нејзиниот идентитет.
Полицијата ги проверува и ги испитува сите кои би можеле да ја однесат до убиецот, но како што се развива истрагата така се наведува дека во семејството Марјановиќ не владеела хармонија.
Дека навистина нешто не штима во семејстовто на покојната пејачка и дека од самиот почеток има индиции дека сите, повеќе или помалку, се замешани во ѕверското убиство, зборува и следново.
– Во неделата, на 3 април, ден по убиството, дојде синот на Зоран од првиот брак, кој дента беше на сослушување во полиција и видно вознемирен пред сите нас кои бевме собрани искоментира: „Абе, дедо ја зае*а работата“ не прецизирајќи за што станува збор.
Штом го рече тоа, тетка му го извлечка во друга соба.
Подоцна се врати, ама ни збор не изусти, открил близок на семејството.
Од друга страна, човекот кој го имаше опишано Зоран, човекот со стапот, бил во полиција и го поминал полиграфот, но неговата изјава е сосема спротивна од онаа на Зоран. Зоран вели дека го видел на насипот него и уште неколку луѓе, а старецот пак рекол дека го видел Зоран дури кога почнал да ја бара Јелена, не и пред убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст