| четврток, 6 декември 2018 |

Фетел воодушевен од патеката во Сочи

Трикратниот светски првак Себастијан Фетел е воодушевен од патеката во Сочи, Русија и вели дека со нетрпение чека да вози за Големата награда во Русија во 2014 година.

– Ја имав привилегијата да бидам првиот пилот во формула што ја тестирал патеката во Сочи. Не ја минав комплетно целата патека, но од тоа што го видов, знам дека комплетно ќе биде исклучително возбудлива трка. Пејзажот е прекрасен, со планини од едната страна и со море од спротивната страна. Мислам дека ќе биде предизвик за сите пилоти и се радувам што ќе имам можност да возам таму – рече Фетел. Тој ја тестираше патеката во Сочи, веднаш по триумфот во Бахреин, а со него во Русија замина и Дејвид Култхард, поранешниот пилот на Ред Бул, тим за кој сега вози Фетел. Русија има 7-годишен договор со челниците на Ф1, почнувајќи од следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top