| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: Виена е обид да се спаси Пржино, политичките договори не смеат да ја заменат уставноста

karamiseva-640x370

Виена е обид да се спаси пржинскиот договор, вели универзитетскиот професор Татјана Каракамишева во дебатата на ТВ Нова на тема „Политичка криза: Виена наместо Пржино 2“.

Македонија почнува да создава паралелен политички систем, во кој што едно е она што е уставно, а друго е она што политичките партии заедно со меѓународната заедница го турка како парауставно. Без разлика на обидите за институализирање на Пржинскиот договор, тие не беа докрај имплементирани. Политичките договори не смеат да ја заменат уставноста на државата и институциите, смета Каракамишева.

Ние, посочува Кракамишева, може да имаме проблем со владеење на правото.

Виена е уште еден обид на меѓународната заедница за спас на „Пржино“. Меѓународната заедница е со добра волја и ќе дејсвува во таа насока, смета Карамишева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top