Мама Лепа Брена не се вознемирила многу што едвај полнолетниот Виктор во понеделникот беснеел со новиот мајбах по автопатот Белград – Нови Сад.
Српската пејачка само се насмевнала кога слушнала дека полицијата го запрела нејзиниот син Виктор, дури не го ни искарала што возел со 150 км/час, иако нему како на почетник му е дозволено да вози со 108 км/час, пишува Свет.
A photo posted by Viktor Zivojinovic (@viktorzivojinovic) on
Мама не ме искара, само се насмевна. Среќна е што сум жив. Никогаш не сум имал инцидент со полиција и знае дека не се правам важен. Возев со 148 км/час, што не е ништо за овој автомобил. Не гледам зошто се прави толкава драма за ова, па не возев со 200 км/час. Знам дека е дозволено 120 км/час, знам дека за почетници е 108 км/час, погрешив и грешката чесно си ја платив, вели Виктор и додава дека полицијат ане му прогледала низ прсти затоа што е син на Брена и Боба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.