Тројца млади момци од Саудиска Арабија заглавиле на словенските планини откако нивниот автомобил се зафатил во високиот снег, на кој „Гугл еарт“ апликацијата не ги предупредил, пренесува „Хина“
– Тие се ориентираа според „Гугл еарт“ кој не ги предупредил дека на Алпите кај Камник има снег – изјавил по успешната акција за спасување Матјаж Шеркези од Горската служба за спасување.
Пролетно облечените Саудијци се упатиле со возилото со автоматски менувач и заглавиле во „чудната бела појава“, но се снашле и повикале помош.
– Додека пристигнавме, тие веќе си направиле чај за да се згреат – раскажува Шеркези.
Момците ги пронашле на Велика планина во северна Словенија, на ненаселено планинско плато со висина на околу 1.500 метри, каде во април снегот не е реткост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст