Four Seasons, Ritz-Carlton и Mandarin Oriental се хотели, кои имаат доволно луксуз за богатите.
Кога станува збор за омилени хотели на богатите, едно неочекувано име води на листата, а тоа е „Bellagio“ во Лас Вегас. Новото истражување меѓу над 800 милионери во светот, објавено од компанијата „New World Wealth“ со седиште во Јужна Африка, го рангира „Bellagio“ како хотел број еден во светот меѓу милионерите.
Второто место е за хотел „Plaza“ во Њујорк, а третото за „Mandarin Oriental“ во Лондон.
Потоа се редат „Hotel du Cap-Eden-Roc“ во Антиб и „Raffles Hotel“ во Сингапур.
Покрај популарните фонтана и базен кои танцуваат, „Bellagio“ исто така располага со ресторани, клубови и луксузни апартмани.
– „Bellagio“ не е хотелот кој очекувавме да ја предводи листата, но многу од богатите луѓе сакаат да го посетат, вели Ендрју Амојлс од „New World Wealth“.
Големите хотели како „Bellagio“ имале предност во студијата, бидејќи повеќе од богатите клиенти имале можност да престојуваат таму. Помалите бутик хотели, иако им се допаѓаат, не можат да добијат толку многу гласови, бидејќи испитаниците го направиле својот избор.
Поновите хотели се исто така во неповолна позиција, бидејќи немале доволно време за да привлечат обожаватели. Според Амојлс сепак истражувањето е доста репрезентативно и не е под влијание од спонзори. „Целосно објективно е“, вели тој.
Кога станува збор за омилени авиокомпании, „Singapore Airlines“ ја предводи листата. Австралиската „Qantas“ го завзема второто место, проследено од јапонската „Japan Airlines“, германската „Lufthansa“ и „Air France“.
„Singapore Airlines“ одамна е на чело на слични листи, но според Амојлс изненадувачки е дека тука недостасува името на „Emirates“, која е позната со луксузна прва класа.
Во истражувањето се вклучени и омилени возови на богатите. Тие го преферираат „Eastern & Oriental Express“, кој се движи меѓу Сингапур, Малезија и Тајланд, нудејќи луксузни купеа и неверојатни глетки кон будистички храмови, палмини плантажи и популарниот мост над реката Куај.
Синиот воз во Јужна Африка се рангираше на второто место, следен од Гордостта на Африка, кој исто така се движи во ЈАР. Махараџа експрес, кој патува во Индија и Ориент експрес кој се движи во Европа и Турција, ја формираат првата петорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.