| четврток, 6 декември 2018 |

Жива приказна од мрвиот град – Последниот чернобилец: Никогаш не заминав, тие што заминаа, умреа од стрес

Иван Шамјанок (90) вели дека тајната на неговата долговечност е тоа што не го напуштил родното место, дури и откако белоруското село во близина на границата со Украина беше контаминирано по нуклеарната катастрофа во Чернобил, пренесува Јутарњи лист

Иван Шамјанок (90) вели дека тајната на неговата долговечност е тоа што не го напуштил родното место, дури и откако белоруското село во близина на границата со Украина беше контаминирано по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Во селото, кое се наоѓа на самиот раб на забранетата зона во круг од 30 километри, во последните години ништо не се променило, освен што таму живеат многу помалку луѓе.

posledniot chernobilec

Иван Шамјанок: „Вотката отвора апетит“

Во април 1986 година, поради експлозијата во нуклеарната електрана Чернобил во Украина, голем радиоактивен облак покри широко подрачје на украинско-белоруската граница. Над 100.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови.

posledniot chernobilec 7

Селото на Шамјанок се наоѓа на самиот раб на зоната, но и тој и неговата сопруга одбиле да заминат. Велат дека никогаш не ги почувствувале последиците од радијацијата.

Се е во ред. Вчера тука беше лекарот и ме прегледа. Ми рече дека со мене се е во ред, вели Шамјанок. – И мојата сестра живееше тука со нејзиниот сопруг, но тие одлучија да заминат. Набргу потоа починаа. Мислам дека тоа е поради стрес, но јас не страдам од стрес. По малку работам во градината, понекогаш си пеам, никаде не брзам, вели тој.

posledniot chernobilec 3

Никој од раселените нема да се врати, тие кои сонуваа да се вратат, во меѓувреме починаа

Од несреќата поминаа 30 години, а последиците се уште се видливи.

Од самата експлозија загинаа 31 лице, но многу повеќе починаа подоцна од последици од радијацијата. А колкав е точниот број на настраданите се уште не е утврдено.

posledniot chernobilec 6

Шамјанок вели дека во неговиот живот по катастрофата не се променило ништо. И натаму одгледува и јаде храна од својата градина, исто така чува свињи, кокошки и крави.

posledniot chernobilec 2

Станува околу пет часот наутро да ја слушне на радио националната химна

Неодамна му починала сопругата, а децата се иселиле, па тој и неговиот внук кој живее на другиот крај на селото, се единствени жители на ова место. Шамјанок смета дека никој од раселените нема да се врати. Тие кои сонувале да се вратат, во меѓувреме починале.

posledniot chernobilec 4

Старецот живее повлечен живот. Станува околу пет часот наутро да ја слушне на радио националната химна. Потоа ја пали печката да подготви ручек и да го нахрани кучето, а потоа и другите животни.

posledniot chernobilec 5

Два пати неделно во селото стигнуваат намирници, а во сабота го посетува внуката која му помага да ја исчисти куќата.

Вели дека нема никакви здравствени проблеми, но зема лекови како и чашка водка пред јадење. Тоа вели, му го отвора апетитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top