| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанската кошаркарска федерација со ултиматум до клубовите, раскинете ги договороите со Евролигата!

fiba

По неколку национални сојузи, меѓу кои и оној на Македонија, кои донесоа одлука за комплетна поддршка на ФИБА во битката против Евролигата/Еврокупот, сличен чекор презеде и Шпанската кошаркарска федерација.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Шпанскиот сојуз испратил барање до АЦБ лигата под итно да ги раскине сите договори потпишани со Евролигата и да испрати комплетна документација до ФИБА, како доказен материјал.

Причината е секако, најавата од ФИБА за суспензија од сите меѓународни натпреварувања на 14 национални сојузи, меѓу кои и Македонската кошаркарска федерација.

Оваа одлука на Шпанците следи и по последните изјави на генералниот секретар на ФИБА Европа, Камил Новак, кој нагласи дека заканите кон националните федерации мора да се сфатат максимално сериозно, затоа што наскоро суспензија може да изрече и ФИБА на глобално ниво, па репрезентациите да бидат исфрлени и од Олимписките игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top