Една жена го загубила животот, а десетгодишно девојче е полесно повредено во сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Гостивар.
Автомобилот, во кој се превезувало тричлено смејство од тетовска Мала Речица, налетал на три коња кои се движеле по коловозот без придружба.
Според првичните информации од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот на околу еден километар од клучката за селото Тумчевиште. Автомобил „ситроен Ц5“, што го управувал Ќ.Р. (42), налетал на коњи, кои од сé уште неутврдени причини се движеле по коловозот. Од ударот со повреди се задобиле неговата сопруга Г.Р. (38) и десетгодишната ќерка.
Непосредно по несреќата со две возила повредените биле пренесени во гостиварската болница. Од таму потврдуваат дека на жената која била донесена во бессознание лекарите не можеле да ѝ помогнат, а девојчето со полесни повреди е пуштено на домашно лекување.
Телото на починатата по наредба на јавен обвинител денеска ќе биде дадено на обдукција. Заради увидот кој траел до 3 часот утрово, сообраќајот се одвивал под посебен режим. По увидот кој го извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Гостивар, ќе се знаат поединостите и причините што довеле до трагичниот настан.
Според анализите на СВР Тетово, годишно на оваа автопатска делница, се регистрирааат по над сто сообраќајки предзвикани од животни, но до сега без човечки жртви и потешко повредени. Пред четири денови беше регистрирана и една таква во која автомобил налета на стадо при што 18 овци беа усмртени на самото место, а уште толку подоцна пцовисаа од повредите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил