| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: ЕУ треба помалку да се меша во животите на луѓето

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ би требало помалку да се меша во животите на луѓето, затоа што тоа ја поткопува подршката за Унијата.

133035430

Поранешниот премиер на Луксембург смета дека ЕУ се меша во „премногу сектори во кои земјите-членки подобро се поставени за да преземет некаква акција“.

– Погрешивме што досега, со премногу регулатива, премногу се мешавме (во земјите членки), изјави Јункер.

Јункер, кој важи за еден од најсилните поборници за потесно европско интегрирање, предупреди дека европскиот проект загубил дел од својата атрактивност, па најави дека Европската комисија ќе работи за поправање на ваквата ситуација.

Ваквата изјава на претседателот на ЕК е една од ретките признанија дека Брисел претерува со својата регулативата која потоа им ја наметанува на членките во Унијата, инсистирајќи таа да се почитува.

Изјавата се појавува пред референдумот во Велика Британија за останување или напуштање на Унијата.

Британските евроскептици бараат од Брисел да се преиспитаат спогодбите кои ја регулираат Унијата, а посебно бараат да се вратат повеќето од овластувањата што Лондон и ги има префрлено на ЕУ.

Признанието на Жан Клод Јункер за преголемото мешање, станува значајна основа и за одбрана од засилениот евроскпетицизам и во другите земји од Западот, а пред се во Холандија, каде антиевропските политичари успеаја преку референдум да го блокираат парафирањето на договорот меѓу ЕУ и Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top